Пиперки од рерна за зимница

Потребни состојки:

1 литар вода
145 г шеќер
40 г сол
180 г бел алкохолон оцет (не есенција)
1 кг сечкана пиперка

Начин на подготовка:

Направете го солилото: 1 литар вода оставете да зоврие. Тргнете од рингла и веднаш додадете 145 г шеќер, 40 г сол и 180 г бел оцет. Ова е количина за еден килограм сечкани пиперки. Пиперките исечкајте ги по должина или на тркалва. Со нив наполнете ја теглата до врв, малку притиснете за да собере што повеќе, па прелијте со солилото. Затворете ја теглата и ставете ја на решетката во рерна. Од еден килограм пиперки можете да наполните 2 до 3 тегли. Вклучете ја рерната на 100 степени и оставете ги на тивко да крчкаат еден час. Кога ќе извадите, завиткајте ги теглите во крпи и оставете ги така додека целосно да се изладат. Вака приготвените пиперки можете да ги јадете по 24 часа.

Scroll to Top