Потребни состојки:
1,5 кг бабури
1,5 кг сирење
3 л млеко
3 лажици сол
Начин на подготовка:
Бабурите се мијат и се чистат од семките, сирењето се дроби на крупно, па се додава малку сол по вкус. Бабурите се полнат со сирењето, па се редат во тегли исправено. Млекото се вари со сол, па се става врз пиперките. Пиперките се притискаат со пластика за да останат исправени. По два часа, се става уште малку млеко, се остава да се излади, па се затвораат теглите. Се чуваат на темно и студено место.
Послужете ги прелеани со магдонос и малку маслиново масло.