Пирошки од бајат леб и сирење

Потребни состојки:
300 г бајат бел леб
250 мл млако млеко
300 г сирење (гуда, еманталер)
1 млад лук или кромид
30 г путер
1 лажица брашно
3 јајца
2 лажици пиперка (свежа или сушена)

За сосот:
80 г путер
70 г рендан пармезан

Начин на подготовка:

Иситнете го бајатиот леб на мали парчиња, ставете го во подлабок сад и потурете го со млака млеко. Сирењето изрендајте го на грубиот дел од рендето, па додајте го и сирењето во смесата од леб и млеко. Растопете 30 г путер во тава и додајте го исечканото лутиче (или кромид), па пржете 6-7 минути. Малку изладете ги состојките и додадете ги во смесата од леб, сирење и млеко. Додајте го брашното (можете да додадете и малку презла), јајцата, сечканите пиперчиња и малку сол, па добро промешајте. Ако смесата е премногу густа, додадете уште малку млеко. Формирајте поголеми, издолжени топчиња и варете ги во солена зовриена вода околу 15 минути. Во тава, стопете го путерот, додадете го ренданиот пармезан, додајте ги зготвените топчиња и измешајте нежно. За дополнителна кремавост на сосот, додајте неколку лажици вода во која се готвеа топчињата. Може да ги послужите варените пирошки како гарнир за јадења со месо, во супи или чорби или како самостоен оброк.

Scroll to Top