Пита со боровинки и ореви

Питата со фантастичен мирис и вкус.

Состојки:

Тесто:

  • 300 гр остро брашно
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 5-6 лажици ладна вода
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 150 гр путер

Фил:

  • 400 гр замрзнати боровинки
  • 1 лажичка цимет
  • 80 гр мелени ореви
  • 50 гр шеќер во прав
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 лажица презла

За премачкување:

  • 1 жолчка од јајце

За наросување:

  • шеќер во прав

Подготовка:

Измешајте го брашното со прашокот за печиво, додајте ги путерот исечен на ленти, солта и шеќерот. Сето тоа добро промешајте го со прсти и на крајот додајте ладна вода. Замесете мазно тесто и оставете го да отстои на ладно место најмалку 30 минути.

Одмрзнете ги замрзнатите боровинки и добро исцедете ги.

Дел од подготвеното тесто развлечете го малку повеќе од големината на калапот и ставете го во намрсен и набрашнет калап. Покријте ги дното и страните на калапот со тестото. Врз него посипете ја презлата и наредете ги исцедените боровинки. Посипете ги со цимет, шеќер во прав, ванилин шеќер и ореви.

Преостанатото тесто развлечете го и со него покријте ги боровинките. Површината на тестото премачкајте ја со изматена жолчка, избоцкајте со виљушка и печете во загреана рерна на 180 степени 40-ина минути.

Питата посипете ја со шеќер во прав, па послужете ја.

Scroll to Top