Пита со тиквички и млад кромод

Потребни состојки:

1/2 кг тенки кори
1 помала млада тиквички
1 млад кромид
100 гр кисела павлака
100 гр шунка
1 јајце
сол и бибер
масло

Начин на подготовка:

Тиквичката изрендајте ја со кора, ако е млада и посолете ја. На масло пропржете го сечканиот кромид, додадете ја исечканата шунка и исцедената тиквичка која стоела барем 10 минути во сол. Тргнете ја од оган, додадете павлака, јајце, бибер и сето тоа измешајте го. Прво раширете ја кората, премачкајте со тенок слој по кората, додадете ја одозгора и другата кора и неа премачкајте ја. Свиткајте ги краевите па завијте ја во ролна питата. Плехот обложете го со хартија за печење или со четкичка намачкајте ја со масло. Редете ги ролните во плех. Премачкајте ги со масло и ставете ги во загреаната рерна на 200 степени, 40-45 минути за да зарумени и во горниот и долниот дел. Сечете ја топла и послужете со кисело млеко или јогурт.
Scroll to Top