Пица во микро, готова за 3 минути

Потребни состојки (за 1 лице):

4 лажици брашно
1/8 лажичка прашок за печиво
малку сода бикарбона
1/8 лажичка сол
3 лажици млеко
1 лажица масло
1 лажица доматно пире
1 лажица рендан кашкавал
5-6 парчиња исечкана шунка или неколку тркалца колбас
1/2 лажичка оригано или босилек

Начин на подготовка:

Во широка чаша измешајте ги брашното, солта, содата и прашокот за печиво. Додајте ги млекото и маслото и измешајте со лажица да добиете тесто. Врз тестото намачкајте го доматното пире и врз него ставете го прво кашкавалот, па наредете ги тркалцата колбас и најодозгора додајте го ориганото. Садот ставете го во микробранова печка и печете ја пицата 2-3 минути или додека тестото да се подигне, а кашкавалот да се стопи. Пицата послужете ја веднаш, додека е топла.

Scroll to Top