Питулици со јогурт готови за 15 минути

Потребни состојки:

4 јајца,
500 гр јогурт (или павлака помешана со малку јогурт),
500 гр брашно
1 кесичка прашок за печиво
1 лажичка сол

Начин на подготовка:

Во длабок сад изматете ги јајцата со жица маталка. Потоа додајте го јогуртот, па промешајте за да се изедначат. Посолете, а потоа додајте ги брашното и прашокот за печиво. Матете за да добиете мазна смеса без грутки. Тестото е меко и лепливо, затоа се меша со лажица, а не треба да се остава да кисне. Уште на почетокот од подготовката ставете го маслото да се грее на умерена температура.

Земете супена лажица, натопете ја во жешкото масло, па извадете од тестото и спуштете го во маслото да се пржи. Питулиците пржете ги 3-4 минути од двете страни на умерена температура. Пржените питулици вадете ги врз хартиена салфетка за да се впие вишокот маснотија. Послужете ги топли.

Scroll to Top