Плескавици од карфиол

Потребни состојки:

1 карфиол (од околу 400 грама)
1 помал кромид
2-3 помали чешниња лук ситно сечкани
3-4 јајца
свеж магдонос исечкан
1/2 филџан изрендано кравјо сирење
1/2 филџан изрендана моцарела
1/2 филџан брашно
1/2 филџан млеко
сол
бибер
маслиново масло

Начин на подготовка:

Во поголем сад ставете вода да зоврие па ставете го карфиолот да омекне. Исцедете го од водата и изладете го. Во сад за печење на малку масло пропржете ги ситно исечканиот кромид и лук, колку да омекне. Во друг сад иситнете го сварениот карфиол на парчиња, па додајте ги јајцата. Зачинете по вкус со сол и бибер. Постепено додавајте ги млекото и брашното и мешајте додека не добиете компактна смеса. Додадете ги сирењата и магдоносот и уште еднаш добро измешајте.

Направете плескавици од смесата, а ако смесата е преретка додадете брашно за плескавиците да бидат цврсти. Пржете ги плескавиците на загреано маслиново масло, по малку од двете страни додека не станат златни и крцкави. Послужете ги топли со сладок компир.

Scroll to Top