Подобрете го хемоглобинот со цвекло

Анемијата е резултат на намалувањето на хемоглобинот во крвта, без оглед дали станува збор за намалени еритроцити или црвени крвни клетки. Токму затоа лекарите препорачуваат напивка која е одлична за зголемување на хемоглобинот, за кревање на нивото на крвните клетки и за подобрување на комплетната крвна слика.

За да ја подготвите оваа напивка ќе ви требаат 200 мл мед, 200 гр ореви, 200 гр суво грозје, 200 мл сок од морков, 200 мл сок од цвекло и 2 лимона. Измијте ги лимоните и измелете ги во машина за мелење месо, па ставете ги во сад. Додајте ги медот, сокот од цвекло и од морков, а на крајот додајте и ситно сечкани ореви и суво грозје. Од овие состојки ќе добиете еден литар вкусна и здрава напивка. Чувајте ја во фрижидер и земајте по една супена лажица трипати на ден, пред јадење.

Scroll to Top