Погачици со чварки

Потребни состојки:

1 кг брашно
2 јајца
200 мл кисела павлака
400 мл млеко
1 свеж квасец
сол
шеќер
40-50 гр мелени чварки
свинска маст по потреба (1-2 лажици)

Начин на подготовка:

Сомелете ги чварките и додајте сол и бибер по вкус и 1 лажица свинска маст. Измешајте убаво. Смесата треба да биде кремаста, па по потреба додадете уште малку маст. Во малку млако млеко измешајте го квасецот и додадете 1 лажиче шеќер, 1 лажиче брашно и малку измешајте. Ставете го на топло за да стаса квасецот. Кога ќе стаса квасецот додадете го во брашното. Замесете тесто и постепено додавајте ги млекото, солта, јајцата и киселата павлака. Тестото оставете го да стои на топло додека не нарасне убаво. Развлечете го на набрашнета работна површина во форма на правоаголник, па премачкајте го со смесата од чварки и благо притиснете со рацете. Левата страна од тестото преклопете ја до средината, а десната страна ставете ја преку левата. Горната страна преклопете ја до средината, а долната преку неа. Оставете го да стои на топло, па повторно размесете го и преклопувајте барем три пати, во зависност од времето што го имате на располагање). На крај развлечете го тестото со дебелина од еден прст и со чаша вадете погачици. Ставете ги уште малку да отстојат на топло. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Одозгора премачкјате ги со разматено јајце.

Scroll to Top