Посна бајадера готова за 20 минути

Потребни состојки:

200 грама посни бисквити
200 грама мелени ореви
200 грама маргарин
200 грама чоколадо за готвење
200 грама шеќер во прав
100 грама чоколадо за готвење
малку маргарин

Начин на подготовка:

Маргаринот стопете го на собна температура и со миксерот добро измешајте. Потоа додајте ги мелените бисквити и ореви. Поделете ги на два дела и во едниот додајте го стопеното чоколадо и мешајте додека не се соединат. Во тепсија ставете фолија, па ставете ја темната смеса и убаво израмнете, а потоа додадете ја и светлата смеса. Одозгора прелијте ја со чоколадо за готвење, растопено со маргарин. Ставете во фрижидер да стои два часа, па послужете ја.

Scroll to Top