Посна чоколадна торта без масло

Потребни состојки:

300 грама брашно
190 грама шеќер
45 грама какао
1 ќесичка прашак за печиво
340 мл вода
екстракт од ванила или ванилин шеќер
рендана кора од еден портокал
по желба сува брусница или суво грозје

Начин на подготовка:

Брашното, какаото и прашокот за печиво ставете ги во длабок сад и измешајте ги. Потоа просејте ги со помош на сито. Во садот со брашното, додајте ги шеќерот и измешајте. Додајте половина од водата и убаво измешајте со жица за матење. Потоа додајте ја преостаната вода и измешајте за да се изедначи смесата. Смесата ставете ја во правоаголна тава или силиконски калап за леб. Одозгора, по желба, може да се ставаат сува брусница или суво грозје. Тортата печете ја во предходно загреана рерна на 160 степени за време од 45 минути. Печената торта оставете ја да лади покриена со алуминиумска фолија и крпа. Пред служење, изладената посна чоколадна торта посипете ја со шеќер во прав.

Scroll to Top