Посна овошна торта

Потребни состојки:

400 гр посен кекс
250 гр маргарин
200 гр шеќер во прав
200 гр желе бонбони
6 банани
300 гр шлаг
200 гр овошје (киви, мандарини)

Начин на подготовка:  

Кексот издробете го ситно. Кивите исчистете ги на коцки и додадете го кексот. Желето исто така исечкајте го на коцки како и бананите и тоа додадете го на кексот. Во кексот додадете и сок. Маргаринот измешајте го со шеќер во прав за да добиете пена. Додадете го кексот и сето тоа измешајте го добро. Истурете го во послужавник и добро изедначете. Одозгора може да украсите со парчиња свежо овошје. Оставете да преноќи во фрижидер.

Scroll to Top