Потребни состојки:
500 г брашно
1-2 лажички сол
малку масло
по потреба млака вода
за фил:
Околу 2 кг компир
1 главица кромид
малку сол и бипер
за прелив:
250-300 мл вода
1 прстофат сол или сув зачин
Начин на подготовка:
Замесете тесто од сите состојки, но млаката вода додавајте ја постепено за да добиете тесто што не е ни многу меко ни тврдо. Оставете го неколку часа во фрижидер покриено со проѕирна фолија или ќеса. Дваесетина минути пред да ја правите питата извадете го тестото од фрижидер, тргнете ја фолијата и оставете го малку да отстои. Компирот исечкајте го на коцки и оставете го во вода да не поцрни. Кромидот исто така исечкајте го. Набрашнете ја подлогата и тестото поделете го на два дела. Развчечете ги корите, прво со сукало, па со раце. Компирот исцедете го од водата, па додадете сол и бибер. Кората испрскајте ја со малку масло, ставете фил, па виткајте ја и редете ја во плех, свиткана како полжав. Кога ќе се исполни целата тепсија, ставете ја питата да се пече во добро загреана рерна, а потоа намалате ја температурата за убаво да зарумени. Ставете ги состојките за преливот на оган додека водата да зоврие, па прелијте ја печената пита и вратете ја во исклучена рерна. По неколку минути извадете ја и поклопете ја со плех одозгора за да омекне.