Посна пита со праз и ориз

Потребни состојки:

500 гр праз
150 гр ориз
100 мл минерална вода
100 мл масло, 75 мл за пржење 25 мл за преливање на кората
500 гр кора за пита
сол, црн пипер, сув зачин по вкус
морков

Начин на подготовка:

Во тавче ставете ориз со малку сол, додадете вода и варете додека оризот не се свари, но внимавајте да не се превари. Во поголема и подлабока тава ставете малку масло и минералната вода. Излупете го празот и пресечете го на ситно. Пржете го на тивок оган. По неколку минути додадете еден изрендан морков и пропржете го заедно со празот. Кога ќе омекне, додадете го оризот и зачини.

Првата кора посипете ја со кисела вода и масло и премачкајте го филот по целата кора, потоа ставете ја другата кора, попрскајте ја со мешавина од кисела вода и масло и истото направете го со филот и истото направете го со третата кора. Завиткајте ги во ролат, па ставете ги во плех врз хартија за печење. Печете на 250 степени околу 40 минути или додека да се заруменат, зависно од тоа како ви пече рерната.

Scroll to Top