Потребни состојки:
1 кг. компири
2 моркови
5-6 кисели краставички
1 мала конзерва пченка
сол, црн пипер
5-6 печени пиперки
маслинки
Начин на подготовка:
Измијте ги компирите и ставете да се варат, излупете ги и изгмечете да добиете хомогена смеса. Зачинете со сол и црн пипер. Можете да додадете и малку масло. Морковот исчистете го и исечете на ситни коцки, можете да го ставите сиров или варен. Киселите краставички исто така се сечат на коцки. Пченката треба да биде убаво исцедена.
Округол и длабок сад покријте со прозирна фолија, ставете половина од пирето од компири па над тоа морковот, киселите краставички и пченката. Покријте со останатото пире од компири па превртете во соодветна чинија. Украсете со печени пиперки и маслинки.