Посна салата со ориз и туна

Потребни состојки:

900 г сварен ориз
400 г туна
200 г грашок од конзерва или сварен
2 црвени пиперки исечени на коцки
3 домати исечени на парчиња
ситно сечкан магдонос
неколку ситно сечкани маслинки
4 лажици посен мајонез
сок од еден лимон
2 лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

Туната исцедете ја. Оризот сварете го, измијте го и исцедете го. Спојте го со туната, па додадете ги сите останати состојки. Зачите по вкус со сол и бибер.

Scroll to Top