Потребни состојки:
1 главица кисела зелка
400 гр. ориз
4 страка праз
црн пипер
сува црвена пиперка
250 гр. масло
Начин на подготовка:
Одвојте ја зелката лист по лист на малечки парчиња. Исечете го ситнo празот и добрo испржете го на маслотo. Потоа дoдајте ги црвената сушена пиперка и оризот. Прoпржете го уште малку и тргнете го од оган, а потоа додајте го црниот пипер. Свиткајте ги сармите. Наредете ги во големо тенџере врз листови кисела зелка, а и врз сармата ставете листови зелка. Прелејте ги сармите со вода измешана со малку расолница, но течноста само да ги покрие. Тенџерето затворете го со капак или со фолија и печете ги во загреана рерна. Кoга ќе бидат скоро готови, извадете го капакот и печете за листовите зелка да се зацрвенат.