Посна торта со пиво и ореви

Потребни состојки:

500 мл пиво
900 г ореви
700 г шеќер
400 г меко брашно
4 лажици масло
1 лимон
2 ванилин шеќер
1 лажичка сода бикарбона
џем од кајсии или некој друг, по ваша желба

Начин на подготовка:

Замесете тесто од 500 г шеќер, 500 г мелени ореви, 400 г меко брашно, рендана кора и сок од еден лимон, 1 лажичка сода бикарбона, 4 лажици масло и 500 мл пиво. Од добиената смеса треба да испечете две кори во намастен и набрашнет плех со средна величина, на 180 степени. За да го подготовка на филот сварете 200 г шеќер со вода околу 200 мл. Сирупот да биде поредок од оној за слатко, па додадете 250 г мелени ореви и 2 ванилини шеќери. Печената кора најпрво премачкајте ја со џем од кајсии преку цела површина, а потоа рамномерно распоредете го изладениот фил. Од истиот фил оставете и за премачкување на целата торта од надворешна страна, а одозгора наросете со преостанатите ореви (150 гр).

Scroll to Top