Посни браунис колачи

Потребни состојки:

3 шолји брашно
1 лажиче сода
6 лажици какао
1 прстофат сол
2 шолји шеќер
3 лажици оцет
¾ шолји масло
2 шолји ладна вода
2 кеси ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Се мешаат сите суви состојки во чинија, брашно со шеќер и сода, какао и сол, па се додава на таа смеса масло со оцет, ванила и вода. Се меша со жица или лажица, не ви треба миксер. Се става хартија на плех за печење и се става смесата, се пече на загреана рерна на 180 степени, 40-45 минути. Горе по желба прелијте со чоколадо, ставете си кокос или нешто по ваш избор.

Scroll to Top