Потпечен компир со тиквички

Потребни состојки:

700 грама компири

1 тиквичка

1 главица кромид

масло

зачин

бибер, сусам, црвена пиперка

лук, лута пиперка

мајчина душица

Начин на подготовка:

Исчистете го и измијте го компирот, па исечете го на ленти, исто како и тиквичката. Ставете го компирот во чинија, па потоа тиквичката и додајте ги сите зачини. Сето тоа добро измешајте го. Подмачкајте го плехот, ставете половина од компирот и тиквичките, па исечканиот кромид и лук. Озгора додајте го остатокот од компирот и зачините и добро израмнете. Печете во рерна околу 45-50 минути.

Scroll to Top