Потребни состојки:
125 гр. макарони
40 гр. шунка
1 лажица маргарин
200 гр. павлака за готвење
2 јајца
20 гр. рендан пармезан
40 гр. рендан кашкавал
сол и бибер
Начин на подготовка:
Се варат макароните во солена вода, па се цедат. Се загрева рерната на 180 степени, а шунката се сече на коцки и се пржи на маргаринот. Се меша со макароните, па се става во подмачкан огноотпорен сад. Се матат јајцата со павлаката, се става пармезан и кашкавал, се става сол и бибер. Се става се врз макароните и се пече 30 минути.