Потпечени макарони со болоњезе сос

Потребни состојки:

400 гр. макарони
200 гр. мелено месо
1/2 главица кромид
1 конзерва домати
Оригано
Сол и бибер
100 гр. сирење
Маслиново масло

Начин на подготовка:

Сварете ги макароните. Во сад загрејте маслиново масло и испржете го месото и сецканиот кромид. Додајте ги доматите и оставете да зоврие. Зачинете со сол, бибер и оригано. Измешајте ги макароните со сосот во тавче. Печете, а пред крај нарендајте сирење и оставете да се испече до крај. Послужете ги топли.

Scroll to Top