Потребни состојки:
500 мл. млеко
250 гр. брашно
3 јајца
1 прстофат сода
1 прстофат сол
2 лажици путер
150 гр. шунка
150 гр. кашкавал
Начин на подготовка:
Млекото, јајцата и брашното во кое сте ги додале содата и солта, измешајте ги во длабок сад. Додадете го растопениот путер и мешајте да добиете хомогена смеса. Пржете ги палачинките во нелеплива тава. Треба да добиете околу 12 парчиња од оваа смеса.
Додека се топли, во секоја палачинкиа ставете од ренданиот кашкавал и ситно исечканата шунка, па свиткајте ги во ролна. По желба намачкајте ги со масло однадвор и потоа оставете ги 10 минути да се потпечат во рерна. Послужете ги топли.