Потпечени тиквички со патлиџани и павлака

Потребно:

3 тиквички

3-4 патлиџани

500 гр павлака

2 чешниња лук

100 гр кашкавал

 

Тиквичките испржете ги.

Патлиџаните исечете ги на кругови.

Во павлаката нарендајте лукче, посолете додајте црн пипер и сув зеленчук, промешајте.

Во тавата каде што ќе печете редете ред тиквички, ред домати, посолете, пак ред тиквички, ред патлиџани завршете со тиквички. Врз тиквичките истурете павлака и изрендајте кашкавал.

Ставете во загреана рерна да се подпечат. На 250 степени околу 30 минути.

 

Scroll to Top