Потребни состојки:
300-400 гр пилешко бело месо
50 гр растопен маргарин
5 лажици павлака
1 лажица презла
3 чешниња лук
варени компири
вегета
сол
бибер
зачин по желба
Начин на подготовка:
Пилешкото бело месо исечкајте го на шницли. Посолете го со вегета или сол. Добро истријте за шницлите да впијат. По вкус можете да ставите и бибер за да добие поубав вкус и малку сенф. На дното на огноотпорен сад наредете ги компирите што претходно сте ги излупиле и исекле на тркалца. Зачинете ги со вегета. Врз нив наредете го белото месо што сте го потопиле во растопен маргарин.
Павлаката ставете ја во длабок сад и во неа ставете презла, вегета, бибер и лук. Смесата убаво измешајте ја и со неа прелејте го пилешкото. Најгоре ставете уште еден ред компири. Печете околу 30 минути или додека компирите да се зацрвенат. Послужете го топло.