Потребни состојки:
За тесто:
4 јајца
прстофат сол
240 гр шеќер
2 ванили
280 мл масло
4 лажици топло млеко
1 пециво
околу 650 гр просеано бело брашно
За фил:
добиените ронки од тестото
1 лажица рум
1 лажица просеано чоколадно какао
по потреба мармалад
црвена и жолта прехранбена боја
по потреба екстракт од јагода и круша
шеќер кристал
Начин на подготовка:
Јајцата се матат со шеќерот и ванилата. Се додаваат млекото, маслото, пецивото и постепено се додава брашното, колку што ќе прими течната смеса (околу 650 гр). Тестото треба да е меко, по малку лепливо. Со намастена рака со малсо убаво да се замеси. Се става во фрижидер неколку часа, завиткано со ќеса. Тестото се дели на два дела. Едниот стои во фрижидер, додека другиот се работи. Секој дел се дели уште на неколку топчиња, малку поплеснати. Се печат на 150 околу 15 минути, во загреана рерна. Треба да останат бели, а одоздола румени. Додека се топли се длабат со остар нож, инаку пукаат. За филот: во сад ставете ги ронките од тестото поминати низ прсти, румот, просеаното какао, мармаладот по потреба. Треба да се добие густа смеса. По желба може да се додадат мелени ореви и топено чоколадо… Се полнат издлабените праски, се спојуваат две по две. Се макаат во вода со боја и екстрат, се оставаат малку да се потсушат на брисач, па се валкаат во шеќер кристал.