Потребни состојки:
150 гр потпечени и исечкани лешници
350 гр темно чоколадо
1 лажица кокосово масло
150 гр чоколаден крем
1 лажица какао
Чоколадо и цели лешници по потреба
Начин на подготовка:
Чоколадото стопете го на пареа. Во него додајте ја лажицата кокосово масло, какаото и чоколадниот крем. Убаво измешајте. На крајот додајте ги и исечканите потпечени лешници. Смесата ставете ја во фрижидер убаво да се стегне. Земете дел од смесата, ставете на средина еден цел лешник и формирајте бомбица. Ставете ги сите бомбици во фрижидер. На крајот секое парче чоколадирајте го со темно чоколадо и украсете го по желба со празничен мотив.