Празнични ѓумбир колачи

Потребни состојки:

150 гр путер
150 гр шеќер
200 гр мед
1 јајце
1 лажица екстракт од ванила
440 гр брашно
1 лажица сода бикарбона
прстофат сол
3 лажици мешавина за медени колачи
1 лажица свежо мелен ѓумбир
1 лажица кора од лимон

Начин на подготовка:

Соединете ги путерот и шеќерот, додадете ги медот и јајцето сѐ додека не добиете пенеста смеса. Додадете екстракт од ванила. Во посебен сад измешајте брашно, сода бикарбона, прстофат сол и мешавина за медени колачи. Изрендајте кора од лимон и свеж ѓумбир, постепено додавајте брашно сѐ додека не добиете меко тесто. Оставете го во ладилник. Исукајте тесто со еден сантиметар дебелина, исечете ги колачите со калап и печете ги на 180 степени десетина минути. Украсете ги по желба кога ќе се оладат.

Scroll to Top