Пржен сладолед, хит за ова лето

Потребни состојки:

500гр сладолед
50гр брашно
1 јајце
50гр лебни трошки
масло за пржење

Начин на подготовка:

Обликувајте топки сладолед и ставете ги во замрзнувач додека го подготвувате останатиот дел од постапката. Во една чинија изматете го јајцето, во друга ставете го брашното, а во трета лебните трошки. Извадете ги топките сладолед и една по една извалкајте ги во брашно, потоа во изматеното јајце, па на крај во лебните трошки. Повторно вратете ги во замрзнувач уште неколку минути.

Во длабок сад ставете многу масло и загрејте го. Со голема лажица земете една топка сладолед и потопете ја во маслото. Пропржете неколку секунди, додека лебните трошки не заруменат. Пржениот сладолед послужете го веднаш, со овошје, чоколаден прелив или сос од слатка павлака.

Scroll to Top