Рафаело коцки готови за 30 минути

Потребни состојки:

8 јајца
8 лажици шеќер
малку прашок за печиво
200 г кокосово брашно

За кремот:

8 жолчки
8 лажици шеќер
4 лажици млеко
150 г чоколадо за готвење
150 г путер или маргарин
2 шлаг креми од ванила
За декорација: 50 г кокосово брашно

Начин на подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките. Во белките постепено додавајте шеќер и матете додека да добиете цврст снег. Во снегот додадете кокосово брашно и малку прашок за печиво. Излејте во тепсија со величина 30 см. Печете во загреана рерна на 150 степени околу 20 минути. Додека се пече тестото, жолчките изматете ги пенесто со шеќерот. На многу тивок оган ставете 4 лажици млеко и внатре ставете ги жолчките, па варете и мешајте постојано додека да згусне. Внимавајте да не ви загори кремот. Додека е уште топол, додадете растопено чоколадо и мешајте за да се соедини. Кога ќе излади кремот од жолчки, додадете путер и заедно измешајте ги со миксер. Премачкајте го филот врз кората. Колачот премачкајте го со кремот од ванила кој ќе го подготвите според упатството на кесичката. Одозгора наросете го со кокосово брашно, исечете го на коцки и послужете.

Scroll to Top