Раванија со јаболка и ореви

Потребно:

За кексот: 4 јајца, 12 лажици шеќер, 12 лажици млеко, 12 лажици масло, 12 лажици гриз, 12 лажици брашно, 1 пакетче ванилин шеќер, 1 пакетче прашок за печење, 3 рендани јаболка, 100 гр крупно мелени потпечени ореви.

За шербетот: 650 гр шеќер, 850 мл вода

Подготовка:

1. Кремасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата. Потоа со намалена сила на миксерот додавајте ги редоследно состојките.

2. Истурете ја во намрсена тепсија и печете на 170 С. Најдобро е во тепсија 20х30.

3. Шербетот спремете го со време. Кога ќе зоврие, варете на ниска температура уште 5 минути и потоа оставете го да се олади. Се става ладен шербет и млака раванија.

Scroll to Top