Раванија со ореви

Потребни состојки:

6 јајца
12 лажици шеќер
12 лажици брашно
12 лажици гриз
12 лажици млеко
8 лажици масло
1 прашок за пециво
1 шолја толчени ореви
2 кесички ванилин шеќер

Шербет

800 гр шеќер
600 мл вода

Начин на подготовка:

Прво се матат јајцата со шеќерот, па се додаваат сите течни состојки и убаво се меша. Се додава гризот, брашното со пецивото и повторно убаво се меша. На крај се додаваат толчените ореви. Раванијата се пече во намастен и набрашнет плех на 190 степени околу половина час. Печената раванија убаво се лади и ја полеваме со шербетот кој треба да е топол. За шербетот ги вариме водата и шеќерот неколку минути додека да почне да се згустува. Раванијата и одозгора ја наросуваме со толчени ореви, па ја послужуваме.

Scroll to Top