Реалистични торти кои може да ги надмине само нивниот вкус

By

Растечки тренд на денешницата е креирањето доста впечатливи торти.

Ќе помислите дека тоа се сите оние со цртаните јунаци и 3Д украсите кои децата ги сакаат, но овие се малку повеќе од тоа. Овие торти воопшто не личат на себе. Дури, некогаш не би ве навеле ниту да ги пробате, додека некој не ви исече парче торта и не ви го понуди на чинивче. Но, ајде да се вратиме на самиот почеток.

Ќе ве запознаеме со делата на една талентирана дама која држи слаткарница во Тексас. Нејзиното име е Натали Сајдсерф, а нејзината вештина се огледува во изработката на реалистични торти. На нејзиниот Јутуб канал, Натали го покажува процесот на правење на секоја од тортите кои ќе имате прилика да ги погледнете и во нашата галерија, што оваа уметност навистина ја подига на едно друго ниво. Тортите се толку верни копии на предметите во нашето опкружување, овошјето, зеленчукот, па дури и ликовите од филмовите, што дури ни кога го држи ножот в рака и ги сече, окото на набљудувачот не може да поверува што се одвива пред него.

Со оваа работа, Натали започнала да се занимава сосема случајно, кога својот талент го открила правејќи торта за својата пријателка следејќи туторијал на ТВ. Една работа водела кон друга и денес таа е вешт уметник во правењето интересни торти, кои никого не го оставаат рамнодушен. Без разлика дали ги сакате овие слатки задоволства или не, морате да ѝ оддадете признание за нејзиниот талент.

Погледнете во нашата галерија и откријте ги фантастичните торти кои изгледаат на сè, освен на тоа.

Ќе ви се допадне