Ресана торта без печење

Потребни состојки:
1 кгр ресани рефус
200 гр сечкани ореви
300 мл млеко
100 гр шеќер
1 маргарин

Начин на подготовка:

Ресаните ги кршиме на парчиња. Млекото го ставаме на оган да зоврие со шеќерот. Штом проврие го тргаме од оган и го ставаме маргаринот целосно да се стопи. Во жешката смеса се ставаат оревите и на крај ресаните. Се замесува компактна смеса, се става во калап или со раце се обликува форма по желба. Се остава да се излади. Озгора се  украсува со шлаг пена и чоколадни трошки.

Scroll to Top