Потребни состојки:
4 лажици ајвар
4 јајца
3 лажици масло
6 лажици брашно
1 прашок за пециво
Фил:
сол
црн пипер
1 пакување крем-сирење
1 кисела павлака
2 кисели краставички по желба
200 грама шунка
Начин на подготовка
Изматете ги јајцата, додадете ги останатите состојки за кората од ајвар и добро сè заедно измешајте, па претурете ја смесата на хартија за печење. Откако ќе се испече, оставете ја кората да се излади. Подгответе го филот, така што во крем-сирењето ќе ги додадете павлаката, киселите краставички исечкани на коцки и зачинете по вкус. Исфилувајте ја кората, па врз неа наредете ја шунката исечкана на тркалца. Свиткајте ролат и оставете го во фрижидер еден час пред да го послужите.