Ролат од пилешко месо

Потребни состојки:

1 цело пиле
200 гр свежи шампињони
100 гр тврдо сирење
1 поголема главица кромид
3 лажици сув зачин
малку бибер
1 лажица црвен пипер
малку масло
конец за врзување

Начин на подготовка:

Динстувајте го кромидот со шампињоните на малку масло и зачинете. Месото одвојте го од коските. Истенченото месо зачинете го со сув зачин, бибер и со црвениот пипер. На целата површина ставете динстувани шампињони, а врз нив наредете листови сирење. Внимателно свиткајте како ролат, врзете со конец, ставете во тепсија и прелијте со малку вода и масло. Печете околу 2 часа на 200 степени. Послужете го топло.

Scroll to Top