Ролат од тиквички

Потребни состојки:

12 резанки од тиквичка
3 лажици крем-сирење
3 лажици кисела павлака
магдонос
шолја ориз
6 шери-домати
босилек
сол
бибер
маслиново масло
лимонов сок
½ лажичка лук во прав

Начин на подготовка:

Сварете го оризот и зачинете го со лук. Исечете ги тиквичките на долги, широки ленти. Премачкајте ги со маслиново масло, зачинете ги со сол и бибер. Оставете ги да отстојат некое време додека не омекнат за да можете полесно да ги замотате. Ситно исечкајте го магдоносот, па измешајте го со крем-сирењето и павлаката. Зачинете со малку босилек и сол, па измешајте ја смесата со сварениот ориз. Премачкајте ги тиквичките со филот, додајте мало парче домат па завиткајте ги во ролна. Зацврстете ги со чепкалка и додајте неколку капки лимон пред послужувањето.

Scroll to Top