Ролат со мандарини

Потребни состојки:

За тестото:
5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
1 лажица какао
1 пакетче прашок за печиво
сок од 1 мандарина

За фил:
400 мл млеко
6 лажици шеќер
1 пакетче прашок за пудинг од ванила
1 лажица нишесте (или брашно)
1 жолчка
150 гр маргарин
7-8 мандарини

Начин на подготовка:

Матете ги јајцата и шеќерот за да добиете пенеста смеса. Брашното, какаото и пецивото измешајте ги да нема грутчиња, па спојте ги со изматените јајца. Исцедете една мандарина во смесата, па измешајте. Смесата излијте ја во обложен плех и печете на 170 степени околу 15 минути. Печената кора извадете ја од хартијата и замотајте ја во влажна крпа во форма на ролат.

Загрејте 300 мл млеко и 5 лажици шеќер во длабок сад, а во останатото млеко и шеќер растворете го пудингот, нишестето и жолчката, па додајте ги во загреаното млеко и сварете густ крем. Префрлете го кремот во друг сад за полесно да се излади и додадете го маргаринот. Матете за да се соедини смесата, па премачкајте ја кората со кремот насекаде. На почетокот наредете ги излупените мандарини цели и внимателно завиткајте во ролат. Оставете го да отстои преку ноќ на ладно, па послужете го.

Scroll to Top