Потребни состојки:
1/2 кг јунешки шницли
1,5 шолји масло
2 лажици брашно
2 чешниња лук
1/2 чаша бело вино
2 домати
зачин
сол
бибер
Начин на подготовка:
Исчукајте ги шницлите, посолете ги и извалкајте ги во брашно, па пропржете ги на масло. Кога шницлите ќе поруменат, извадете ги од тава, па во истата маснотија пропржете лажичка брашно и изгмечен лук. Доматите исечкајте ги на резанки и сварете ги (или користете домати од конзерва). Доматите ставете ги во сосот, па додајте вино и зачини. Кога сосот ќе почне да врие, во него вратете ги шницлите и гответе ги заедно уште околу 10 минути.