Шпагети во бел сос со пилешко и печурки

Потребни состојки:

500 гр шпагети
1 главица кромид
300 гр пилешко бело месо
250 мл павлака за готвење
300 гр маринирани печурки
сол
црн пипер
свеж магдонос

Начин на подготовка:

Исечкајте го кромидот на ситно и ставете го да се пржи. Кога ќе почне да ја менува бојата, додајте го пилешкото месо исечкано на тенки ленти или мали коцки и пржете околу 5 минути. Додадете ги печурките и пржете се заедно уште 10-тина минути. Исцедете ги шпагетите од водата во која се вареле, додајте малку маслиново масло во нив и промешајте ги. Кога месото ќе биде испржено, додадете ја павлаката за готвење, солта, црниот пипер и останатите зачини, и пржете со повремено мешање додека во павлаката не почнат да се појавуваат меурчиња. Шпагетите измешајте ги со сосот и посипете ги со пармезан. Најодозгора наросете малку магдонос за декорација.

Scroll to Top