Потребни состојки:
1 главица кромид
4 јајца
4 компири со средна големина
Масло, сол, бибер и зачини по желба
Подготовка:
Компирите излупете ги па исечкајте ги на тенки коцки. Кромидот исечете го на тенки кругови. На рингла загрејте масло во тавче, па додадете го кромидот и компирот и динстајте сè додека компирот не зарумени.
Измешајте ги јајцата и додадете ги во запржениот компир и кромид (кои претходно се исцедиле од вишокот масло).
Повторно загрејте масло во тава па ставете ја целата оваа смеса. По неколку минути тавата прекријте ја со чинија и така превртете со тоа што тортиљата ќе остане на чинијата, а потоа повторно вратете во тавата така што ќе се запече и другата страна.
Тортиљата е готова кога ќе се запече од двете страни.
Исечете ја на триаголници и послужете ја со сирење, кисело млеко или сезонска салата.