Ситни колачи со кокос

Потребни состојки:

340 г брашно,
270 г маргарин,
200 г шеќер,
150 г кокос,
1 јајце,
50 г чоколадо за готвење,
1 лажица масло,

Начин на подготовка:

Замесете го тестото од брашно, шеќер, кокос, јајце и маргарин на собна температура. Оставете го убаво да се излади во фрижидер, најмалку половина час. Потоа од него вадете мали топчиња и редете ги во тепсија обложена со хартија за печење. Со дршката од дрвена лажица втиснувајте мали дупчиња во средината, притоа внимавајќи да не ви распука топчето. Потребно е само да се направи вдлабнување во кое ќе се стави филот. Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути, но мора да внимавате да не ви се препечат, треба да останат бели. Печените колачи наросете ги со шеќер во прав. Чоколадото се растопува на тивко или на пареа со малку масло, и внимателно со шприц или лажица се полнат дупчињата.

 

Scroll to Top