Сладолед торта со малини

Потребни состојки:

100 грама путер
сол
200 грама брашно
6 јајца
900 мл сладолед од малини
400 мл шлаг
200 грама малини

Начин на подготовка

Ставете да се варат 250 милилитри вода, путер и сол, па кога смесата ќе зоврие тргнете ја од оган и мештајте додека сипувате брашно. Кога смесата ќе се излади, додадете по едно јајце и мешајте додека тестото не стане мазно. Тестото поделете го на три дела, па посебно печете ги корите во подмачкана тава во рерна загреана на 220 степени.

Сладоледот одделете го и измешајте во него 300 милилитри шлаг, а потоа поделете го на три дела. Секоја кора премачкајте ја со филот. Тортата оставете ја во замрзнувач преку ноќ. Извадете ја еден час пред послужување, а одозгора декорирајте со преостанатиот шлаг и малини.

Scroll to Top