Слатки кнедли со сливи

Потребни состојки:

500 грама компири
50 грама пченичен гриз
100 грама полубело пченично брашно
малку сол
1 прашок за пециво
1 јајце
сливи
2 лажици масло
12-14 големи лажици презла
6-8 лажици шеќер

Начин на подготовка:

Нелупени компирите сварете ги. Изладете ги, излупете ги и ставете ги во длабок сад, па испасирајте ги со вилушка. Додадете ги гризот, брашното, прашокот за пециво, јајцето и солта. Со раце замесете го тестото да биде меко, а ако има потреба додадете уште малку брашно. со раката преваете топчиња, сплескајте ги и во средината на секое ставете цела слива, па затворете го топчето.

Во длабок сад сатавете вода да зовие. Во зовриена вода ставајте ги кнедлите и варете десетина минути, или додека кнедлите не почнат да лебдат на површината. Кога ќе излезат на површина, варете ги уште 2-3 минути.

Загрејте го маслото во тава, додајте ја презлата и запржете ја. Кога ќе поцрвени, тргнете ја смесата на страна, додајте го шеќерот и убаво измешајте. Во оваа смеса извалкајте ги кнедлите, па послужете ги.

Scroll to Top