Смути со јаболко и чиа семе

Состојки:

  • 2 јаболка
  • 2 дл вода
  • 2 лажици чиа семе
  • 1 лажичка цимет во прав
  • 1 лажичка ѓумбир во прав
  • малку свеж магдонос
  • Неколку капки исцеден сок од лимон
  • 2 лажици ленено масло

Подготовка:

Во 2 дл вода ставете ги чиа семето и оставате го да отстои 10 минути. Јаболкото излупете го, исечете го на коцки, додадете магдонос, цимет, ѓумбир, малку исцеден сок од лимон, ленено масло и на крај додадете го чиа семето со водата во која стоело.

Можете да додадете и мед доколку јаболката не се слатки. Накрај сето тоа добро измешајте го во блендер.

Scroll to Top