Солен куглоф со кашкавал

Потребни состојки:

4 јајца,
1 чаша јогурт (од 200 мл),
1 чаша масло,
2 ½ чаши брашно,
1 кесичка прашок за печиво,
150 г шунка,
150 г фета сирење,
5 кисели краставички,
½ лажичка сол,
малку црн пипер,
1 лажичка оригано

За поросување: 100 г пармезан или ајдамер, по избор

Начин на подготовка:

Со жица изматете ги пенасто јајцата, па додајте го јогуртот и маслото. Кога добро ќе се измати смесата и изедначат состојките, додајте ги зачините (сол, црн пипер, оригано). Постепено додавајте го брашното во кое претходно сте го промешале прашокот за печиво. На крај додајте го издробеното сирење, на коцки исечената шунка и краставичките (исечкани или изрендани).

Кога ќе добиете изедначена смеса, префрлете ја во калап за печење, кој претходно сте го намастлие и наросиле со малку брашно. Печете го околу 45 минути во рерна загреана на 200 степени.

Scroll to Top