Потребни состојки:
За тесто:
500гр брашно
2 јајца (1 цело јајце +1 жолчка за тесто)
2 лажички сол
1 супена лажичка рум или коњак
4 лажички прашок за печиво
1 маргарин за готвење
1 филџан кисело млеко
1 филџан масло за јадење
Декорација:
Белка од 1 јајце, половина лажиче сол, 100г сусам
Начин на подготовка:
Од сите состојки се замесува тесто и се прават топчиња. Тие се валкаат во претходно направен снег (од белка од 1 јајце со половина лажиче сол), а потоа во сусам. Бомбиците се редат во подмачкан плех со масло за јадење и се печат во загреана рерна на 200°С околу 25 минути.