Солени триаголници со готови кори

Потребни состојки:

500 г готови кори за пита,
1 кисела павлака (180 г),
4 јајца,
1 чаша масло (180гр),
500 г сирење кравјо или по ваш вкус
сол по потреба

Начин на подготовка:

Изматете го сирењето со две јајца. Посолете по потреба. Направете го и филот со кој ќе ги премачкувате корите – изматете ги павлаката со 2 јајца и една чаша масло. Малку посолете. Корите пресечете ги со нож по средина, за да добиете помали кори. Земајте по една кора, премачкајте ја по целата површина со фил, преклопете еден дел, а преку него уште еднаш за да почнете да формирате триаголници.

На едниот крај од аголот ставете сирење, па преклопете за да добиете триаголник. Правете вакви триаголници додека да ви се потроши сирењето, а ако ви остане, ставете го одозгора врз триаголниците. Печете 10-15 минути на 200 степени. Послужете ги топли.

Scroll to Top