Соленки со пиво и кашкавал

Потребни состојки:

500 г брашно
200 мл црно пиво
200 мл масло
1 лажичка сол
1 прашок за пециво
1 јајце
50 г кашкавал
мак и сусам

Начин на подготовка:

Замесете тесто од состојките, а макот, сусамот и белката оставете ги настрана. Откако ќе го замесите тестото, оставете го 10 минути да се одмори, а потоа развлечете го со помош на сукало. Премачкајте го со белка и од едната страна ставете мак, а од другата сусам. Завиткајте ги во спирали и печете ги во загреана рерна околу 20 минути.

Scroll to Top